Министерот за образование и наука, м-р Абдилаќм Адеми, денеска присуствуваше на првата меѓународна конфенреција „Smart City“ во Драч, Република Албанија.

- Огромна е улогата на образованието, обуката и на научно-истражувачката дејност во напорите за развој на просперитетно општество кое води грижа за сопствената одржливост и развива креативен и иновативен човечки капитал. Би сакал да се задржам на две работи: Политиката за истражување и развој, и на подготовката на младите и на возрасните за квалитетно вработување преку образовните политики креирани во сите степени на образованието, истакна во своето обраќање пред присутните министерот Адеми.    
Во поглед на истражувањето и развојот, рече Адеми, морам да напомена дека е формиран Фонд за иновации и технолошки развој, кој обезбедува техничка помош на иновативни компании преку грантови, заеми, инвестиции за еднаквост и финансиска помош за истражување и развој.

- Голема улога во развојот на науката, истражувањето и иновациите има меѓународната соработка. Учеството на сите земји од регионот во ХОРИЗОНТ 2020 носи огромен потенцијал за соработка. Обврска на сите засегнати страни е да вложат максимални напори за што поквалитетно вклучување во Програмата. Со учество во Регионалната истражувачко-развојна стратегија за иновации за Западен Балкан, ќе придонесеме кон постигнување на главната цел: јакнење на влијанието на истражувањето и иновациите на економскиот раст и на креирањето работни места, додаде Адеми.

Министерот Адеми, ги запозна присутните и со измените на Законот за високо образование, со кои се воведени „Прозорци на мобилност“, со кои се задолжуваат високообразовните установи најмалку 10% од задолжителните и изборните предмети од студиските програми да ги реализираат на англиски јазик (мин. 20 ЕКТС), кој е во согласност со Болоњскиот процес.

Во делот на основното и средното образование, потенцираше министерот Адеми, можам да истакнам од оваа учебна година ги имплементиравме адаптираните курикулуми по математика и природни науки за прво, второ и трето во соработка со Кембриџ -меѓународниот центар за наставни програми.

- Исто така се реализираат бројни активности за унапредување на околината за учење, на курикулумите и наставните содржини, на образовните процеси и на постигањата на учениците. Со измени на легислативата за матурските, односно завршните испити, од оваа учебна година 2014/2015, математиката е задолжителен предмет во екстерниот дел од матурските испити, рече министерот.
Министерот Адеми, ги запозна присутните и со напорите кои ги прави Владата на Република Македонија, во насока на јакнење на врската помеѓу пазарот на труд и развојот на курикулумите.

- Во февруари оваа година започна СКИЛС проектот, со цел унапредување на квалитетот на националниот систем за образование за развој на вештини и јакнење на структурите за поддршка на иновациите, напомена министерот Адеми.

Учесниците на конференцијата, беа запознаени и со активностите за имплементација на Стратегијата за интегрирано образование, која се реализира во соработка со ОБСЕ и високообразовните установи за подготовка на наставниците за основно образование и за предучилишно воспитание и образование.

Со цел, потенцираше Адеми, унапредување на правната рамка и стандардите за стручно образование и обука, донесени се измени на Законот за стручно образование и обука,  воведен е регистер на ученици со договори за практична обука кај работодавачи и со училиштата за стручно образование и обука.

- Имплементацијата на Стратегијата за стручно образование и обука во контекст на доживотно учење 2013-2020 е приоритет на Владата на Република Македонија, а во таа насока е донесена и Стратегија за доживотно учење, со што дел од специјалните програми за образование на возрасни се вклучени во Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување, рече во своеото обраќање министерот Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook