Тимот за инклузивно образование од Република Македонија, составен од претставници на Министерството за образование и наука, тимови за инклузија од 7 училишта во земјата, директори на училишта, претставници од мрежата на наставници, психолози и педагози, како и претставници на граѓанскиот сектор, учествуваше на Втората регионална конференција за инклузивно образование што се одржа на 28 и 29 октомври во Загреб, Република Хрватска.

Конференцијата се организираше во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа - ,,Регионална поддршка за инклузивно образование за Југоисточна Европа“, чијашто цел е подобрување на социјалната инклузија и кохезија во регионот преку промовирање на инклузивното образование кое ги опфаќа социјално ранливите групи, лицата со посебни потреби и маргинализираните групи.

На конференцијата којашто, овој пат се организираше под мотото: „Едно инклузивно училиште е училиште во кое: секое дете е добредојдено, секој родител е вклучен, секој наставник е ценет“, се разгледуваа прашања за надминување на јазот помеѓу политиките за инклузивно образование и инклузивната пракса, кој директно на терен го воочуваат имплементаторите.

Паралелно со конференцијата беше организиран и ЕКСПО Саем, на кој земјите учеснички во проектот на креативен начин прикажаа што се работи во нивната земја на темата инклузија.

На штандот на Република Македонија беа претставени плакати и наслови на проекти, изданија и прирачници кои се веќе публикувани. Низ видео материјал беа претставени активностите на ресорното министерство и успешни примери од училиштата (бесплатни учебници, бесплатен превоз за учениците, стипендирање на ученици и студенти од социјално - ранливи групи, стипендирање и менторирање на ученици Роми, условен паричен додаток за учениците чии семејства се корисници на социјална помош за редовно посетување на настава, Мозаик проектот, Нансен модел за интегрирано образование, пректот „Младите во акција“, инклузивното образование во рамките на проектот „Училиште по мерка на детето“, Проектот на УСАИД „Отворете ги прозорците“ за овозможување на пристап до е-учење за сите, Извештајот на народниот правобранител за вклученоста на децата со посебни потреби во образованието, Прирачникот за работа со ученици со посебни образовни потреби во средното стручно образование, Стратегијата за намалување на насилството во училиштата 2012-2015, Прирачник за спречување и заштита од дискриминација во воспитно – образовниот систем во Република Македонија, поддршка на интеграција на етничките заеднички во образовниот систем...)

Освен во Република Македонија, проектот „Регионална поддршка за инклузивно образование за Југоисточна Европа“ се имплементира и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово и Албанија.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook