Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на конференцијата „Екстерното тестирање на студентите: предизвиците и можностите”, организирана од невладината организација “Европски центар - CH7“. На конференцијата се дебатираше за можните начини како да се спроведе евалуација на стекнатото знаење на студентите. Адеми истакна дека екстерното тестирање на факултетите е само идеја која допрва треба да се разработи.

„Ваквите настани се она за што се залагаме - јавни дебати на кои сите засегнати страни ќе дадат предлози кои ќе помогнат да се најде најдобриот метод за спроведување на екстерната евалуација на знаењето на студентите, кое, како реформа во многу ќе го подобри квалитетот на високото образование во земјата“, рече Адеми.

Адеми додаде дека целта на екстерната евалуација е студентите да стекнуваат квалитетно и применливо знаење, а не диплома која нема да можат да ја искористат при вработување.

„Работодавачите ги ценат реалните компетенции и вештини на кандидатите за вработување и предност им даваат на луѓето кои по завршување на факултетот можат веднаш да им се посветат на работните задачи, а не на оние кои и покрај завршеното високо образование треба дополнително да ги обучуваат за да можат да почнат со работни активности. Со оваа реформа ќе го постигнеме токму тоа, создавање на квалитетни и подготвени кадри, конкурентни на пазарот на труд“, рече Адеми.

Со екстерна евалуација која ќе се спроведе и на државните и на приватните универзитети, ќе се добие унифицирано образование за сите студенти.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook