Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денес присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реновираниот објект на Основното училиште „Врапчиште“ во с. Врањовце, општина Врапчиште.

- Денес сме тука, да го одбележиме новото лице на училишната зграда на Основното училиште Врапчиште, кое доби нов лик со помошта на нашите драги пријатели – американскиот народ, истакна министерот Адеми.

Морам да ја искажам мојата благодарност, додаде Адеми, до Владата на САД и Европската команда на американската војска, за нивната несебична поддршка и залагање, секој ученик во Република Македонија да добие современи услови за работа, а на учениците морам да им порачам – Образованието е Вашата иднина.

- Секаде во светот образованието е на прво место и насекаде се ценат само лицата потковани со знаење во кои лежи иднината на земјата, потенцираше министерот Адеми.   

Училиштето е реконстриурано, преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Европската команда на американската војска (ЕУКОМ) со што се создаде подобра средина за учење за учениците.