Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска оставри работна средба со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски и членовите на Управиот одбор на Академијата.

- Од претседателот и претставниците на МАНУ беше побарано да имаме почести средби, да учествуваат во подготовка на националните стратегии за развој на науката и иновациите, за повеќе ресурси кои треба во иднина да се вработат, а беа поздравени и чекорите за стипендирање на млади научници, за инвестирање во лабораториите, за преводот на стручни книги и за другите проекти во оваа област. Драго ми е што пристапот на МАНУ и на академиите во регионот веќе се менува и повеќе работат на истражување и иновации. Мислам дека тоа е иднината на академиите и на државите затоа што науката е двигател на развојот на државите, изјави министерот Адеми.

Во врска со заложбите да се искористат што повеќе меѓународните фондови за истражувачка дејност кои и се достапни на Македонија, особено тие од Европската унија, Адеми соопшти дека Министерството веќе формирало единица надлежна за спроведување на програмата „Хоризонт 2020“.

Во соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје, соопшти Адеми, вчера и денеска се организираат работилници за лица и институции за да знаат како да аплицираат и да подготвуваат проекти за да ги искористат средствата што се на располагање.

Претседателот на Академијата Камбовски средбата ја оцени како многу корисна, посебно поради тоа што, како што рече, од министерот бил информиран дека има  реални планови да се зајакне секторот за наука во Министерството за образование и наука што е во согласност со барањата на ЕУ за вклучување на науката и високото образование во единствениот простор на образование, наука и истражување во ЕУ.

- Задоволни сме што имаме целосна согласност околу неколку значајни работи, дека до крајот на оваа година ќе биде усвоена програмата за развој на високото образование, науката и истражувањето, која предвидува подобрување на науката и истражувањето од година во година, зголемување на средствата за наука и истражување, и тоа не само од буџетот на државата, туку и во соработка со бинис-заедницата и меѓународни проекти. Треба да се подготви среднорочна, па и долгорочна стратегија за развој на научно-истражувачката дејност што, исто така, ќе биде огромна задача. Важен сегмент на стратегијата е зајакнување на научната инфраструктура, тоа значи опрема и научен кадар, кој сега многу ни недостига, истакна Камбовски.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook