Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска го посетија ООУ „Владо Тасевски“, каде што кратко присуствуваа на тренинг на училишниот спортски клуб. Законската обврска за регистрација на спортски клубови во училиштата во Република Македонија има цел да ја зголеми вклученоста на учениците во спортски активности.

„Досега се регистрирани 52 училишни спортски клубови на територија на Република Македонија во различни општини, 80 се во процедура. Верувам дека во следниот период сите општини ќе регистрираат вакви училишни спортски клубови чија крајна цел е зголемена спортска активност на учениците, а со тоа и подобрување на нивната целокупна здравствена состојба. Од оваа година првпат поврзано и со здравиот начин на исхрана беше формирана работна група со министерствата за здравство, за труд и социјална политика и Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје“ истакна Ристовски.

Тој додаде дека е изработен посебен стандардизиран правилник кој веќе еден месец се имплементира.

„Во оваа фаза, не би можел да ги дадам првичните резултати бидејќи сме во фаза на контрола на имплементацијата на обврските од тој правилник во рамки на кој јасно се дефинирани стандардите кои треба да ги исполнува едно главно јадење или една ужинка за учениците во училиштата. Во следниот период дополнително ќе информираме за резултатите од извршените контроли. Целта на тој правилник е да се внесува храна за учениците која ќе ги задоволува потребите за нивниот комплетен здрав развој.“ изјави Ристовски за медиумите и најави дека во текот на следниот месец ќе има засилени контроли во однос на квалитетот на храната во училиштата за потоа доколку некаде има непочитување на тие стандарди да се изречат мерки по кои ќе треба да се постапи заради доброто на децата.

Во насока и поддршка на кампањата на Владата за здравје и здрав живот, Министерството за образование и наука целосно се вклучува во активностите поврзани со спортувањето на учениците и во насока на подобрување на нивното здравје.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook