Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заедно со заменик-министерот Спиро Ристовски, денеска присуствуваа на промоција на нови единаесет наслови од областа на природно-математичките, биотехничките, економските науки, туризмот и бизнис логистиката и од областа на ликовните уметности кои се дел од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

- Заедно со денешните изданија, на академската заедница достапни и стануваат вкупно 897 наслови од овој капитален проект започнат на почетокот на 2009 година, кој претставува крупна инвестиција во областа на високото образование и науката, преку која светски реномирана научна литература, станува достапна за сите наши професори, асистенти, студенти, но исто така и за сите останати заинтересирани граѓани, истакна министерот Адеми, напоменувајќи дека преведените изданија може да се најдат во специјализираната читална „1000 Книги“, на универзитетските, факултетските и народните библиотеки, а по пристапни цени може да се купат и во книжарниците и е-продавниците на издавачките куќи.

- Овој проект, кој е од исклучително значење особено за нашите студенти, влегува во завршна фаза и се очекува некаде до почетокот на следната година, да бидат промовирани сите предвидени 1000 изданија, додаде Адеми.
Меѓутоа, потенцираше министерот, заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука за унапредување на квалитетот на високото образование не застануваат тука.  

- Направена е измена на Законот за високо образование, со која се предвидува секоја година за потребите на домашните факултети да бидат преведувани нови 50 учебници, кои се користат на првите 10 најдобро рангирани универзитети во светот според Шангајската листа. На тој начин, ќе им се овозможи првенствено на студентите во Република Македонија континуирано да бидат во тек со најновите информации, анализи, достигнувања, методи, техники и практики  од областите во кои студираат, со што, им се помага во надградбата на сопственото знаење и во подигнувањето на личната конкурентност при настап на пазарот на труд во земјата, но и во глобални размери, изјави министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook