Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, заедно со градоначаникот на општина Липково, Садула Дураку, денеска го посетија основното училиште „Фаик Коница“ во с. Слупчане, кое беше реновирано со грант од Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

- Соработката помеѓу Општина Липково и Амбасадата на Јапонија во Република Македонија, придонесе учениците во Основното училиште „Фаик Коница“ во Слупчане да добијат нови, модерни училници, опремени со најсовремени материјали, кои ќе им помогнат во воспитно-образовниот процес, изјави министерот Адеми, напоменувајќи дека Липково е една од ретките во Република Македонија, која успеала да обезбеди донација за реконструкција на училишните објекти на нејзината територија.

- Се надевам дека примерот на општина Липково ќе го следат и останатите локални самоуправи во Република Македонија и самостојно ќе успеат да изнајдат средства во подобрување на условите во училиштата, со што ќе им ги приближат европските и светски стандарди за изведување на наставата на своите ученици, потенцираше министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.