Речиси 500 ученици од основните и средните училишта од целата земја, денес учествуваа на националниот натпревар на Европскиот квиз на парите, кој како и во другите европски земји се одржа преку електронската платформа Кахут (Kahoot!).

- Првото место го освои Едон Хамбари од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Скопје, под менторство на Мерита Таири.
- Второто место го освои Андреј Шумански од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ од Скопје, под менторство на Александра Бошковска-Спасовска.
- Третото место го освои Антонио Јорданоски основното училиште „Рампо Левката“ од Прилеп, под менторство на Илчо Јорданоски.

Квизот е проект на Европската банкарска федерација и има за цел да се мотивираат училиштата и наставниот кадар во Европа уште повеќе да вложуваат во финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години. Северна Македонија по вторпат е дел од овој значаен проект, на иницијатива и во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, а со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.


Заради состојбата со пандемијата на ковид-19, оваа година, националните натпревари во неколку европски земји, вклучително и во нашата, беа одржани на поинаков начин споредено со минатата година – со онлајн учество и преку индивидуален настап на учениците, без тимови. Пред одржување на натпреварот, со интерно тестирање во училиштата беа опфатени околу 5500 ученици.

Официјалното затворање на Европскиот квиз на парите за 2020 година ќе се одржи онлајн, на 16 јуни, со големо финале на англиски јазик на коешто покрај учениците, поканети се и менторите, родителите и сите други заинтересирани лица за финансиска едукација.

На овој настан ќе бидат претставени победниците на националните натпреварувања за млади на возраст од 13 до 15 години, меѓу кои е и Едон Хамбари. Европската банкарска федерација ќе го промовира и својот Извештај за финансиската писменост во Европа.

Министерството за образование и наука, Министерството за финансии, Македонската банкарска асоцијација, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност им честитаат на сите училишта, ментори и ученици коишто и покрај бројните предизвици што и ним им ги зададе корона-кризата, демонстрираа висока свесност за големото значење на вложувањето во финансиската писменост и во ваков период посветено работеа за преку Европскиот квиз на парите да се постигнат значајни резултати, коишто се и влог во натамошниот развој на македонската економија и своевидна гаранција за подготвеноста на младите генерации за активна вклученост во финансиските текови.

Искуствата што финансиските институции ги стекнуваат во текот на корона-кризата уште еднаш ја потврдуваат важноста на вложувањето во финансиската едуцираност и во поттикнувањето поголема финансиска инклузија на населението. Сите институции коишто учествуваат и го поддржуваат одржувањето на Европскиот квиз на парите во нашата земја продолжуваат со своите активности во оваа сфера, при што во димензионирањето на дел од активностите ќе се ползуваат и искуствата што се стекнуваат во овој период.

На победникот на националниот натпревар на Европскиот квиз на парите, како и на учениците коишто ги освоија второто и третото место и на нивните ментори ќе им бидат доделени пригодни награди.

 

ekp2020

 

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook