Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/18), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/2006, 117/2008, 148/2009, 17/2011, 24/2013; 137/2013, 41/2014, 55/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко-информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2018), Министерството за образование и наука врши измена и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија во делот на број на ученици и услови за запишување на учениците и тоа:


1. Во глава I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ, реден број 74 Средно училиште на град Скопје „Марија Кири Склодовска“ зборовите:

Во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки (306 учени¬ци во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 204 ученици во 6 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:
се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 578 ученици во 17 паралелки (306 учени¬ци во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 272 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за“:
Под табелата за образовните профили од хемиско - технолошка струка се додава нова алинеја која гласи:
- прехранбен техничар алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
Во табелата за образовните профили од здравствена струка во алинеја 3 зборовите 1 пар.
се заменуваат со зборовите „2 пар.“

2. Во глава I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ, реден број 75 Средно училиште на град Скопје „Здравко Цветковски“
во табелата за образовните профили од градежно-геодетска струка во алинеите 13, 14, 15, 16 зборовите 2 г.тр.
се заменуваат со зборовите „3 г.тр.“
3. Во глава II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, во ставот 11 по алинеја 7 се додаваат две нови алинеи, кои гласат:
- „СОУ „Кочо Рацин“ - Велес, фудбал“;
- СОУ „Гостивар“ - Гостивар, фудбал“.

Училиштата се должни интерните огласи да ги усогласат со оваа измена и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година.