Врз основа на член 14-a од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

Повторен повик за искажување на интерес за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметите:

-Македонски јазик за I одделение на деветгодишно основно образование;

- Македонски јазик за II одделение на деветгодишно основно образование;

- Социологија II година на гимназиско образование;

- Етика за II година (изборен предмет) на гимназиско образование;

- Педагогија за III година (изборен предмет) на гимназиско образование;

- Социологија III година на гимназиско образование;

- Филозофија за IV година на гимназиско образование;

- Социологија за IV година на гимназиско образовани.

-
Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење за измена повеќе од 30% од содржината на учебниците по горенаведените предмети за основно и средно образование, треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата) или

- да се наставници од основното односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование;

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.

Пријавата може да се преземе од следниот линк, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 01.06..2020 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.