Во насока на подобро запознавање на учениците кои завршуваат основно образование со видовите струки и образовни профили кои им се на располагање при изборот на средното училиште каде ќе го продолжат воспитно – образовниот процес, Центарот за стручно образование и обука со поддршка на проектот Е4Е - Образование за вработување во Северна Македонија, изготви „Водич низ квалификациите во стручното образование“. Истиот е достапен и може да се погледне на следниот линк - http://csoo.edu.mk/izvestuvanje/vodich-niz-kvalifikaciite-vo-struchnoto-obrazovanie.