УНЕСКО ги поканува државите - членки да поднесат свои номинации за наградите на УНЕСКО - ЛОРЕАЛ за жените во науката за 2021 година.

Наградите во износ од по 100.000 американски долари поединечно ќе им се доделат на 5 (пет) истакнати жени научници, за нивниот особен придонес во истражувањата во областа на физиката, математиката и компјутерските науки.

Во прилог се доставени правилата и процедурите во врска со овие награди, со напомена дека начинот на поднесување на кандидатурите е единствено преку он-лајн платформата креирана за овие награди: https://www.forwomeninscience.com/en/awards, најдоцна до 31 мај 2020 година.

Молиме по поднесувањето на евентуалните кандидатури за овие награди, да ја информирате Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија.

2021 L'Oréal-UNESCO For Women in Science Awards - Rules and Regulations

Call for nominations_FWIS Awards 2021_eng

Call for nominations_FWIS Awards 2021_fr