УНЕСКО го поканува државите - членки да поднесат свои номинации за наградaта за образование за девојки и жени за 2020 година, која е финансирана од НР Кина.

Целта е да се наградат исклучителните и иновативните практики во образованието на девојките и жените, а се состои од две парични награди од по 50.000 американски долари.

Детали за наградата и аплицирањето можат да се добијат на наведениот линк on.unesco.org/gweprize.

Имајќи предвид дека доставувањето на евентуалните номинации се врши исклучиво преку онлајн платформата на УНЕСКО достапна единствено на Перманентните делегации на УНЕСКО (во нашиот случај Амбасадата на РСМ во Париз), молиме евентуалните кандидатури да ги доставите во електронска форма до Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 20 мај 2020 година , со цел да се запази крајниот рок на УНЕСКО за аплицирање -26 мај 2020 година.