Министерството за образование и наука во согласност со Резолуција 24 усвоена на 40-та сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, во контекст на ОТВОРЕНА НАУКА (Open Science) и предизвиците со кои се соочува цел свет во борбата против COVID-19, ги повикува домашните научни истражувачи, високообразовните/научни установи и сите заинтересирани страни да се приклучат на препораките на УНЕСКО за ОТВОРЕНА НАУКА И ОТВОРЕН ПРИСТАП и да одговорат на прашалникот даден на следниов линк:

https://en.unesco.org/science-sustainable-future/open-science

УНЕСКО како Агенција на Обединетите Нации со мандат за наука, е легитимна глобална организација која овозможува да се изгради кохерентна визија за ОТВОРЕНА НАУКА со споделени сеопфатни принципи и вредности. Движењето за ОТВОРЕНА НАУКА како иницијативата е поттикната од научната заедница на УНЕСКО и со голема брзина се шири низ нациите како повик за отворање на портите на знаењето.

Поради тоа, на 40-та сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО 193 земји членки поставија задачи да се развие меѓународен стандардизиран инструмент за ОТВОРЕНА НАУКА во форма на Препораки на УНЕСКО за ОТВОРЕНА НАУКА. Низ овие Препораки ќе се дефинираат споделените заеднички вредности и принципи за ОТВОРЕНА НАУКА и ќе се идентификуваат конкретни мерки за ОТВОРЕН ПРИСТАП (Open Access) и ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ (Open Data).

COVID-19 пандемијата и кризата предизвикана од неа освен што ја тангира релевантноста и брзината на истражувањата во доменот на биомедицинските науки, таа исто така, има голем импакт и во аспектите на општествените, социо-економските и образовните состојби. Поради тоа, важноста за брз и отворен пристап до научни податоци во ова време е повеќе од очигледна.

УНЕСКО започна со Онлајн глобална консултација со цел подготовка на Препораките во врска со ОТВОРЕНА НАУКА, а прашалникот како дел од оваа консултација содржи прашања за општите сознанија за поимот ОТВОРЕНА НАУКА како и научените лекции во врска со COVID-19.

Република Северна Македонија може да даде свој придонес во Препораките на УНЕСКО за ОТВОРЕНА НАУКА. За таа цел, ги повикуваме сите установи од оваа област, домашните научни истражувачи и истражувачките тимови, како и сите заинтересирани страни најдоцна до 15.06.2020 година да го пополнат прашалникот.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

upatstvo priracnik

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook