Владата на Република Северна Македонија на 15-та Седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот, по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, меѓу другите ги донесе и следните заклучоци, мерки и препораки:

- Да се заострат мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот на целата територија на Република Северна Македонија.
- Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.
- Да се прекине со посета на сите воннаставни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат вон наставата (посета на воспитно-образовни активности, курсеви, дополнителни часови, спортски тренинзи и слично) во наредните 14 дена.
- Се задолжува Министерство за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, согласно одредбите од Законот за основното образование и Законот за средното образование, да ја организираат наставата согласно законските прописи за деновите кои нема да се работат.
- Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.
- Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуват препораките да бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
- Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.
- Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство.
Имајќи ги во предвид Заклучоците од Владата, како и од Комисијата за заразни болести, Министерството за образование и наука ги извести сите основни и средни училишта да прекинат со реализација на воспитно-образовниот процес од 11.03.2020 година, во траење од 14 дена, односно од 11.03.2020 година заклучно со 24.03.2020 година.

Исто така, Министерството за образование и наука ги извести училиштата дека во наредниот период ќе добијат насоки за натамошна реализација на воспитно-образовниот процес во училиштата.

Министерството за образование и наука повторно АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.

 

Известување до градоначалници

Известување до директори

 

Заклучоци од 15та седница на Владата

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook