Врз основа на член 44 став 6 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19) и Правилникот за образецот на барањето и начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделени предмети на општинско, регионално и државно ниво во основно образование бр. 19-2252/1 од 05.03.2013 година и бр. 20-2929/1 од 02.03.2017 година, Министерството за образование и наука објавува

Ј А В Е Н   П О В И К
за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на општинско, регионално и државно ниво за ученици од основните училишта

Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта.

На овој Конкурс право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат барање за организирање на натпреварите, како и да обезбедат организирање на натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите јазици на кои се реализира воспитно образовната дејност во основните училишта.

Со поднесувањето на Образецот на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во основните училишта, здруженијата на наставници треба да достават:

1. Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Македонија,
2. Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Македонија,
3. Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Македонија,
4. Статут на здружението на наставници,
5. Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници,
6. Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во основните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на секој од натпреварите.

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, за период од три години, сметано од датумот на издавање на решението за акредитација.

Акредитираните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите да го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организираат преку наставници кои изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или научна област на која и припаѓа наставниот предмет, како и да обезбедат организирање натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по албански јазик, турски јазик, српски јазик и босански јазик.

Здружението на наставници или сојузот на здруженија издава само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученикот кој учествувал на државен натпревар по одделен наставен предмет, на наставникот-ментор пофалница, а за останатите учесници може да издаде уверение за учество на натпреварот.

Право на учество на овој конкурс имаат Здруженијата на наставници и Сојузите на здруженија на наставници за следните наставни предмети од основното образование:

- Македонски јазик,
- Турски јазик,
- Српски јазик,
- Босански јазик,
- Математика,
- Англиски јазик,
- Француски јазик,
- Италијански јазик,
- Ликовно образование,
- Музичко образование, хор и училишен оркестар,
- Техничко образование,
- Работа со компјутери и основи на програмирање,
- Информатика,
- Општество,
- Географија,
- Историја,
- Етика,
- Биологија,
- Физика,
- Иновации,
- Физичко и здравствено образование,
- Јазик и култура на Власите,
- Јазик и култура на Турците,
- Јазик и култура на Србите
- Јазик и култура на Ромите,
- Јазик и култура на Бошњаците,
- Етика на религиите,
- Запознавање на религиите,
- Класична култура во европската цивилизација,
- Виолина,
- Пеење,
- Флејта,
- Виолончело,
- Саксафон,
- Труба,
- Хорна,
- Традициски инструменти,
- Контрабас,
- Теорија на музика,
- Пијано,
- Солфеж,
- Класична гитара,
- Виола,
- Кларинет,
- Обоа,
- Тромбон,
- Удирачки инструменти,
- Хармоника, и
- .Фагот од основното музичко образование

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Конкурс во писарницата на Министерство за образование и наука или на следната адреса „Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје.

МИНИСТЕР,
Dr. Arbër Ademi

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-mk-2

Заменик министер за образование и наука

Screenshot 2

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2  

mon_slika.jpg 

Screenshot 1

e-cris  

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie 

NPV MK web banner

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook