Министерството за образование и наука информира дека во ноември 2019 година, склучи нов Договор со EBSCO Publishing, Ипсвич, САД за пристап до 14 бази на научни списанија од кои најзначајна е базата Academic Search Complete. Со потпишување на Договорот се обезбеди пристап до 14 бази на електронски научни списанија и информации со фактор на влијание кои вкупно опфаќаат над 22.000 списанија од кои околу 5.000 се високо научни цитирани списанија со фактор на влијание. Со Договорот се обезбеди пристап за државните универзитети и научни институти односно пристап за научните работници и студентите од високообразовните институции и јавните научни установи во Република Северна Македонија.


Линк до EBSCO: http://www.nuub.mk/index.php?option=com_banners&task=click&bid=5