Веб-апликацијата E-CRIS како информациски систем за истражувачката дејност е развиена да овозможи бесплатна понуда на корисниците на апликациите COBISS. Во Република Северна Македонија, Информацискиот систем за истражувачка дејност E-CRIS.МК го управува Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Примарната цел на E-CRIS.МК е креирање на база на податоци на истражувачи, истражувачки установи и оддели чија основна дејност е научно-истражувачка, истражувачки проекти и нивен непосреден увид во биографските и библиографските податоци. Тенденцијата на Националниот E-CRIS систем е постоење на национална евиденција преку регистрирање на истражувачите, регистрирање на истражувачките институции, резултати од истражувањата, публикации, трудови и слично.


Во контекст на Европскиот концепт за отворена наука и отворен пристап до бази на податоци, Министерството за образование и наука ги охрабрува истражувачите како и истражувачките установи кои не се регистрирани да се регистрираат на националниот E-CRIS систем, а истражувачите кои објавуваат трудови со фактор на влијание во меѓународно научно списание и истражувачите кои учествуваат со свои трудови на меѓународни научни собири, финансиски поддржани од Министерството за образование и наука, да ги објават трудовите во оваа база на податоци.


Линк за E-CRIS.МК: http://e-cris.mk.cobiss.net/about/cris.aspx?lang=mac