Предизвикот има за цел да ги опфати децата ширум државата и да ги инспирира младите да решаваат проблеми од секојдневниот живот во нивните училишта и нивната заедница со помош на компјутер. Предизвикот ќе се реализира со употреба на уредот „Микро:бит“ на Би-би-си, а од децата ќе се очекува да смислат проект кој ќе соодветствува со Целите за одржлив развој и да истражуваат решенија за проблемите од нивното секојдневие. 

Предизвикот за кодирање 2020 е отворен за сите ученици на возраст од 10 до 15 години од училиштата коишто беа опфатени во вториот циклус од програмата „Училишта на 21-от век“.Натпреварот се состои од два дела (онлајн и лице-в-лице) со цел да се изберат победниците од државниот натпревар по кодирање, коишто ќе добијат шанса за учество во регионалниот натпревар по кодирање.

Сите детални информации во врска со натпреварот, како и инструкции за тоа како да се пријавите за Предизвикот се достапни на следниот линк. https://www.britishcouncil.mk/programmes/education/21st-century-schools/what/competitions
Повикот е отворен за поднесување на пријави од денес, 3 февруари 2020 година до 21 февруари 2020 година (најдоцна до 17.00 часот).