Заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска заедно со заменик-шефот на мисијата на амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија Стефан Томаџан и претставникот на Европската фондација за обука Филипо Дел Нино, го одбележаа почетокот на работата на финансиската експертска група (ФЕГ) составена од претставници на повеќе државни институции, социјални партнери и експерти кои ќе работат на нови модели и концепти на финансирање на стручното образование и обука.

Со финансиската експертска група претседава Министерството за образование и наука додека проектот подржан од швајцарската агенција за развој и соработка - Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@mk) и Европската Фондација за Обука обезбедуваат стручна експертиза и поддршка.

Зборувајќи за важноста на моделот и концептот на финансирање на стручното образование и обука во една земја, заменик-шефот на мисијата на амбасадата на Швајцарија Стефан Томаџан нагласи дека ова е храбар чекор и вистински момент кога институциите, социјалните партнери и експертите треба да го оформат новиот модел и концепт на финансирање на стручното образование кој треба да се заснова на поголемо учество на приватниот бизнис сектор.

“Многу важен дел на еден ефикасен систем за стручно образование и обука е неговиот модел на финансирање. Истражувањето спроведено од страна на нашиот проект Образование за вработување покажа дека во Северна Македонија, системот за стручно образование и обука во најголем дел се финансира од буџетски средства, додека во Швајцарија, приватниот сектор е вклучен во сите клучни елементи на системот а со тоа и во самото финансирање. Силно веруваме дека поголемата вклученост на приватниот сектор ќе доведе до многу поефективен систем на стручно образование и обука во Северна Македонија а со тоа и до многу поконкурентна работна сила и економија.“

Во своето обраќање, заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска рече дека логичен чекор по сите промени кои се случија во стручното образование и обука е изнаоѓањето на нов модел на одржливо финансирање на овој сегмент.
“Покрај големиот број на реформи кои ги спроведува Министерството за образование и наука, сметам дека стручното образование и обука заслужува посебно внимание. Моето долгогодишно работно искуство е поврзано со стручните училишта и убедена сум дека со нов модел на финансирање на стручното образование ќе обезбедиме поголем образовен квалитет, стекнување на соодветни стручни вештини кај младите како и посериозна поддршка за стручното образование и обука,“ рече Наумовска.

Претставници од релевантни министерства и институции, социјални партнери и експерти учествуваа во воведната работилница на која се дискутираа насоките и следните чекори на оваа финансиска експертска експертска група со цел определување на потребите, институциите и клучните процеси за одржливо финансирање на СОО со поголема вклученост на приватниот сектор.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook