Заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска учествуваше на Петтата регионална конференција на училишни директори што во организација на Здружението на училишни лидери се одржа во Скопје.


Во своето поздравно обраќање пред присутните директори на основни и средни училишта, посебни училишта, ученички домови и претшколски установи од регионот, Наумовска истакна дека конференцијата е од исклучителна важност бидејќи преку размена на позитивни практики и искуства придонесува за развој на капацитетите на менаџментите на образовните установи, што пак, влијае на градењето квалитетен образовен систем.

Таа се осврна и на вложувањата во образовната сфера потенцирајќи го ставот на Владата дека тоа е особено важно бидејќи овозможува јакнење на социјалната кохезија, развивање и целосно реализирање на потенцијалите на младите и возрасните.


“Како и во многу земји и кај нас се реализираат мноштво конкретни развојни проекти и други активности чија цел е да се обезбеди подобар квалитет на образованието. Ваквиот интерес за квалитетот на образованието е резултат на тоа што во другите подрачја во животот и работата на луѓето и целото општество има потреба од обезбедување и контрола на квалитетот. На ова одамна му се посветува сериозно внимание, а за таа цел се утврдени и соодветни стандарди“, рече Наумовска.

 

Нагласи дека во изминатиот период е донесена нова Стратегија за образование 2018-2025 година и низа законски и подзаконски акти, како што е новиот Закон за високо образование, Законот за основно образование, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, како и измени и дополнувања на законите за ученички студентски стандард, а во тек е изработка на нов Закон за средно образование и за средно стручно образование каде, изрази очекувања дека учество ќе земат и директорите од средните училишта.


Додаде дека исклучително важна улога за развој на образованието во една држава има подготовката односно стручното оспособување, професионалниот и кариерниот развој на училишниот менаџмент.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook