logo_najgolem_globalen_cas.png

Министерството за образование и наука во соработка УНИЦЕФ и Европската Унија ги поканува сите наставници и ученици во Република Северна Македонија да учествуваат на Најголемиот час на светот 2019. Ова е пионерска иницијатива со која на децата и на нивните наставници им се овозможуваат ресурси за да се запознаат и да преземат акција во врска со Целите за одржлив развој  со кои се потпомага изградбата на попросперитетен, поправеден и поодржлив свет за сите.

 

Оваа година е посебна година - 30-годишнината од Конвенцијата за правата на детето

Надградувајќи се врз 30-годишнината од Конвенцијата за правата на детето, оваа година Најголемиот час на светот ги поканува учениците да замислат иден свет во кој сите детски права се остварени и е обезбедена одржлива иднина. Ресурсите вклучуваат готов план за час и упатство за наставникот во врска со наставата за правата на децата, достапни на македонски и на албански. 

Ги поттикнуваме сите училишта да се вклучат и да го одржат часот во неделите од 21 октомври до 8 ноември 2019 година. Планот за часот опфаќа 60 минути и може да се организира во два школски часа давајќи им на децата доволно време да ги изработат своите перспективи за „Иднината на детството“ преку пишување новинарски статии, песни, цртежи/слики, рап-песни, креативни состави или со помош на друг медиум - за сопствената визија за иднината на детството.

 

Можност за учество на настан на Светскиот ден на детето

На 20 ноември 2019, УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија ќе го поддржат настанот„За децата, од децата“, при што во соработка со Кабинетот на претседателот на Владата, децата ќе ја преземат улогата на возрасни. Тоа ќе биде ден за акција за подигање на свеста и застапување за најитните прашања со кои се соочуваат децата. Им даваме можност на сите ученици да бидат дел од овој настан и ги покануваме училиштата да ги споделат ученичките изработки од Најголемиот час (новинарски написи, песни, цртежи/слики, рап-песни, креативни состави). Најдобрите десет (10) изработки ќе бидат претставени на изложба, а учениците и наставникот ќе бидат поканети да се приклучат и да земат учество. Ученичките изработки треба да се достават со помош на онлајн-формуларот кој се наоѓа на www.wll.mk најдоцна до 9 ноември 2019.

 

Митови и заблуди околу Конвенцијата на правата на детето

Создавање  детство од иднината: За секое дете, сите права

Водич за настава - Конвенција на Обединетите нации за правата на детето 

 

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook