Во рамки на програмата „Училишта на 21-от век“, Британски совет во соработка со Министерството за образование и наука организира Предизвик за кодирање за сите ученици на возраст од 10 до 15 години ( 6-9 одделение) од основните училишта коишто беа опфатени со првиот циклус на обуки за критичко размислување, решавање проблеми и кодирање кои се одвиваа во периодот од март-јуни 2019 година.


Предизвикот има за цел да да ги инспирира младите да решаваат проблеми од секојдневниот живот во нивните училишта и нивната заедница со помош на компјутер. Предизвикот ќе се реализира со употреба на уредот „Микро:бит“ на Би-би-си, а од децата се очекува да смислат проект кој ќе соодветствува со Целите за одржлив развој и да истражуваат решенија за проблемите од нивното секојдневие.


Секое училиште има право да се пријави само со еден проект за Предизвикот за кодирање. Доколку училиштето има повеќе проекти, треба да се организира предизвик во рамките на училиштето, за време на којшто училишниот одбор ќе избере најдобар проект што ќе го претставува училиштето на Предизвикот за кодирање.

Пријавувањето за Предизвикот за кодирање ќе започне на 5 октомври 2019 година, а ќе заврши на 1 ноември 2019 година и ќе се спроведува преку веб страницата на Британскиот совет.

Повеќе информации можат да се обезбедат на https://www.britishcouncil.mk/programmes/education/21st-century-schools/what/competitions.

Министерството за образование и наука и Британскиот совет ги повикуваат сите заинтересирани ученици и училишта да земат активно учество во Предизвикот за кодирање.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook