Почитувани,
Ве известуваме дека во прилог се резултатите од Конкурсот за прием на студенти (од прва година) на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година - за градот Скопје.
По објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена, (од денот на објавување на резултатите) кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука - со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.
Уште еднаш напоменуваме дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.
Резултати по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 15.10.2019 година.
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом Гоце Делчев – Скопје
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу – Скопје
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом ДУЦОР „Партенија Зографски“ – Скопје
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом Пелагонија – Скопје
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом Стив Наумов - втора зграда – Скопје
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом Стив Наумов 3-та зграда – Скопје
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом Стив Наумов нови бараки – Скопје
Список на примени кандидати од прва година во студентскиот дом ДСД „Томе Стефановски Сениќ – Скопје