На 18.09.2019 година во Будва, Црна Гора се одржа состанок посветен на отпочнувањето на развојната техничка фаза на проектот за изградба на SEEIIST – Институт за одржливи технологии за земјите од Југоисточна Европа. Институтот SEEIIST ќе биде Европска инвестиција од 200 милиони евра која ќе биде наменета за научни истражувања од областа на нуклеарната физика, физиката за високи енергии, радијационата биологија, молекуларната биологија на канцерот и хардронската терапија (посебен вид напредна радиотерапија за третирање на канцер). На средбата присуствуваа околу 150 највисоки претставници и делегации од сите релевантни европски институции, дипломатски делегации, министри, академици од регионот, истакнати европски и регионални научници од областа на акцелераторите и медицинската физика. 

Инаку, иницијативата на овој проект потекнува од Herwig Schopper, познат научник кој беше два последователни мандати генерален директор на CERN-Европскиот центар за нуклеарни истражувања во Женева и тоа токму во времето кога беа главните конструкциски изведби на 27 километарскиот подземен кружен тунел во кој беше сместен некогашниот акцелератор LEP, а сега веќе Голем Хадронски Колајдер -LHC.


Од силна иницијатива, проектната идеја прерасна во реален проект со активни работни групи од сите релевантни сектори. SEEIIST веќе доби поддршка од еден миолон евра за почетната развојна фаза. Следуваат проектни апликации во рамките на програмите на Хоризонт 2020 кои ќе ги финансираат активностите за развојот на техничкиот дизајн и развојот на кадрите од регионот кои ќе се обучуваат и ќе се надградуваат паралелно со растот на институцијата.


За да може SEEIIST да користи средства од европски фондови во почетните фази, членовите на иницијативниот одбор на SEEIIST заедно со неколку академски високообразовни институции, меѓу кои и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, формираше асоцијација регистрирана во Женева, а која деновиве склучува партнерски меморандум со CERN. Целта е CERN да биде главниот инкубатор и логистички партнер на SEEIIST. Асоцијата ќе постои до крајот на 2020 година, сè до клучниот момент, кога ќе биде направен изборот на место-држава за изградба, по кој ќе следи регистрацијата на меѓународната организација SEEIIST (во UNESCO, или преку друг ефикасен механизам).

До овој момент само 3-4 држави пројавуваат интерес да го хостираат овој високопрестижен научно-истражувачки акцелератор на Балканот. Северна Македонија се подготвува наскоро да ја објави својата кандидатура со цел добивање на оваа историска можност.

 

Будва1

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Integrirano-meguetnicko-obrazovanie

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook