Амбасадата на Словачката Република во Република Северна Македонија известува за повик за апликации за стипендии за Словачката национална програма за мобилност:

(Slovak National Mobility Programme) за студиски престој на странски универзитетски студенти, студенти на докторски науки, универзитетски наставници, истражувачи и уметници, на словачките јавни универзитети за академската 2019/2020 година.

Словачката страна ја покрива стипендијата која ги вклучува трошоците за живот на стипендистот (сместување, исхрана итн.) за време на неговиот студиски престој, истражување, предавање или уметнички престој.
Патните трошоци за повратен билет (со автобус) до и од местото на студирање ги покрива Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.


Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страниците:
www.scholarships.sk и www.stipendia.sk

Апликациите треба да бидат доставени on-line на веб страната: www.scholarships.sk , до 31 октомври 2019 година, 16:00 Централно Европско Време.