Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и 143/19) и 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/8, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) , министерството за образование и наука објавува:


ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на определено време во
Министерството за образование и наука

Огласот опфаќа вработување на 1 (едно) лице на определено време за период додека трае мандатот на министерот за образование и наука, за следното работно место :

1. Посебен советник за образовни политики во основно, средно и високо образование - 1 извршител;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

• најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, образование 
• активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) 
• активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
• најмалку 3 години практично искуство во струката

Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

• решавање на проблеми и носење одлуки;
• остварување на резултати; 
• работење со други/тимска работа;

Општи услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

• да е државјанин на Република Северна Македонија, 
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност, 
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена кај нотар.

1. Доказ за државјанство на Република Северна Македонија
2. Доказ за општа здравствена способност за работното место
3. Доказ дека со правосилна судска пресуда не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
4. Уверение/диплома за завршен степен на образование
5. Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
6. Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
7. Потврда за работно искуство
8. Биографија

Работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7:30/8:30-15:30/16:30), а основната плата изнесува 36.881,00 денари.

Рокот за доставување на потребната документација е 3 (три) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи

Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: “Да не се отвора”, на следнава адреса:

Министерство за образование и наука 
Одделение за управување со човечки ресурси
бул. Св. „Кирил и Методиј“ 54 Скопје 
(со назнака “за оглас”)
Скопје
На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: “Да не се отвора”

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.


Министерство за образование и наука

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook