МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Педагошка служба

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници

1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

-         Работа со компјутер и основи на програмирањето за III одделение на деветгодишното основно образование,

-         Работа со компјутер и основи на програмирањето за V одделение на деветгодишното основно образование,

-         Музичко образование за VI одделение на деветгодишното основно образование,

-         Музичко образование за VII одделение на деветгодишното основно образование,

-         Музичко образование за VIII одделение на деветгодишното основно образование,

-         Музичко образованиеза IХ одделение на деветгодишното основно образование,

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-    уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),
-    изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
- преглед на регистирани податоци  во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.

Пријавата може да се преземе од  www.mon.gov.mk   или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 12.08.2019 година.

Некомплетните или ненавремено доставените пријави,  нема да бидат разгледувани.

Пријава_рецензент.docx