Врз основа на Законот за научно-истражувачка дејност (Службен весник на Република Македонија бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/14, 154/15, 30/16 и 53/16) и членот 6 од Протоколот од петтото заседание на Заедничката комисија за научна и технолошка соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС

за кофинансирање на заеднички македонско – кинески

научно-истражувачки проекти за периодот 2020 – 2021 година  

Краен рок за поднесување на предлози: 13.09.2019 година

 

Право на конкурирање

Државните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и  во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи, МАНУ и научни центри  на извонредност.

Услови за учество

- Истражувачкиот тим на научноистражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторант.

- Еден истражувач може да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен научноистражувачки проект финансирани или кофинансирани од страна на Министерството за образование и наука, и.

- други услови, согласно постојната законска регулатива

Научни области

-       Информатички науки и технологии;

-       Енергија (обновлива енергија и енергетска ефикасност)

-       Земјоделство, храна и биотехнологија;

-       Генетски истражувања;

-       Заштита на животната средина;

-       Нови материјали и технологии;

-       Сеизмологија и земјотресно инженерство;

-              

Времетраење на проектите

1 јануари 2020 до 31 декември 2021 година

Краен рок за поднесување на предлозите

13.09.2019 година

Начин на финансирање

Решението за висина на средства за реализација на прифатените билатерални проекти, го донесува Министерот за образование и наука, врз основа на финансискиот план на Министерството, за 2020 година

Поднесување на   предлозите

Предлози за проекти од сите научни области се поднесуваат во три   примероци на пропишани обрасци од страна на Министерството за образование и наука..

Обрасците за поднесување на предлози за проекти се составен дел на овој Конкурс (www.mon.gov.mk). Подетални информации може да се добијат во Министерството на тел. (02)   3140 185 или на e-mail:olga.dukovska@mon.gov.mk, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Kритериуми за оценување на предлозите

Предлози за проекти ќе се рецензираат од рецензенти пријавени на Јавниот оглас за избор на резенценти врз основа на следните критериуми содржани во оценувачкиот лист ОЛ-1:

·          придонес во продлабочување и проширување на научните знаења,

·          оригиналност на целите и содржината на  истражувањето,

·          компетентност на главниот  истражувач и предложениот истражувачки

           тим,

·          придонес во оспособување на млади истражувачи,

·          релевантност на проектот на целите на истражување,

·          релевантност за примена на резултатите во практиката,

·          конкуретност за меѓународна соработка,

·          остварливост на предлог проектот (финансиска конструкција), и

·          можности за примена на резултатите.

Носителот на научно-истражувачкиот проект ќе биде известен за резултатите од конкурсот после состанокот на Заедничката македонско – кинеска комисија, во текот на втората половина на 2019 година.

Предлозите се поднесуваат истовремено во двете земји на заедничкиот образец на англиски јазик. Во дополнение, македонската страна до Министерството за образование и наука предлогот го поднесува и на обрасците ОБ-1.

Поднесените предлози само во една земја нема да бидат разгледувани.

Завршен извештај

Завршниот извештај треба да се поднесе во рок од три месеци од датумот на завршувањето на проектот (најкасно до крајот на март 2022 година).

 

Адреса на институцијата во Северна Македонија за поднесување на предлозите

Адреса на институцијата во Народна Република Кина за понесување на предлозите

Министерство за образование и наука

Сектор за наука и иновации.

Ул. Кирил и Методиј бр.54

1000 Скопје

Тел: (02)  3140 185

Fax:      (02) 3118 414, 3118 630

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.,nk

             Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Internet:           www.mon.gov.mk

Ministry of Science and Technology of the People´s Republic of China, Mrs. Sun Xueping
15B, Fuxing Road, Beijing,

100862, P.R. China

Tel.+86-10-58881370

Fax + 86-10- 58881374
Email:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Website:
www.most.gov.cn

         

За симнување: