Врз основа на член 14 став 1, член 15 и член 18 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/2015, 217/2015, 30/2016 и 21/2018) и согласно Правилникот за критериуми за утврдување на висината на надоместокот за пренос на материјалното авторско право за учебниците во основното и средното образование бр.22-10483/1 од 18.07.2013 година, бр.22-10483/2 од 16.09.2013 година и бр.03-6645/1 од 18.03.2015 година, Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува

КОНКУРС
за издавање на учебници за деветгодишното основно образование

1. ОПШТИ УСЛОВИ

- Нарачател: Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

Предмет на конкурсот: Понуди за издавање по еден учебник за наставните предмети:

-         Работа со компјутер и основи на програмирањето за III одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 209.015,00 (двесте девет илјади и петнаесет ) денари.

-         Работа со компјутер и основи на програмирањето за V одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 209.015,00 (двесте девет илјади и петнаесет ) денари.

-         Музичко образование за VI одделение на деветгодишното основно образование,надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 209.015,00 (двесте девет илјади и петнаесет )денари.

-         Музичко образование за VII одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 209.015,00 (двесте девет илјади и петнаесет )денари.

-         Музичко образование за VIII одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 209.015,00 (двесте девет илјади и петнаесет )денари.

-         Музичко образование за IХ одделение на деветгодишното основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 209.015,00 (двесте девет илјади и петнаесет ) денари.

1.1. Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

1.2. Конкурсот е јавен, отворен и анонимен. Авторството и сопственоста на одобрениот учебник се докажува со шестиот примерок на учебникот.

1.3. На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет.

1.4. Автор на учебник не може да биде лице вработено во Министерството за образование и наука, во органите во состав на Министерството, во Центарот за стручно образование и обука, во Центарот за образование на возрасни, претседателот и членот на Националната комисија и член на рецензентската комисија.

1.5. Ракописот за учебник се изработува според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.6. Ракописот за учебник треба да ги исполнува условите и стандардите согласно со Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

1.7. Ракописот за учебник се доставува во печатена форма во 5 (пет) ликовно, графички и јазично уредени примероци (3 примероци во боја и 2 црно бели), изработени според наставниот план и програми за соодветното одделение, предмет и Концепцијата за учебник за основно и за средно образование.

1.7.1. Ракописот за учебник не смее да содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица   за кои авторите немаат дозвола за користење.

1.8. Ракописот за учебник се доставува и во електронска форма.

1.9. Авторите ракописот на учебник го доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

     Авторите на ракописот по музичко образование за VI, VII, VIII и IX одделение (теоретскиот дел) го доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а песните што ја одбележуваат културата на заедниците се пишуваат на јазикот и писмото на заедниците т.е во оригинална верзија дадена во наставната програма.

За учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја следат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, ракописите на учебниците се доставуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

1.10. Министерот и авторот на учебникот склучуваат договор за пренос на материјалното авторско право во кој се утврдуваат меѓусебните права и обврски.

1.11. Ако авторот на учебник на конкурсот понудил дополнителна литература согласно со член 15 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование, истата е должен да ја отстапи без пренос на материјалното авторско право согласно член 18 став 2 од Законот.

2. РОКОВИ

2.1 Рок за доставување на ракописите за учебници е заклучно со 29.07.2019 година.

3. КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

3.1. Конкурсната документација ги содржи: Наставниот план и програма за соодветното одделение, предмет, Концепцијата за учебник за основно и средно образование и Законот за учебници за основно и средно образование.

3.2. Конкурсната документација може да се преземе во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје или на www.bro.gov.mk, www.mon.gov.mk

4.ДОСТАВУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИТЕ
 
4.1. Понудите за учебници се доставуваат препорачано по пошта или со доставување во Архивата на Министерството за образование и наука - Педагошка служба  ул „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

4.2. На предната страна на пратката, во горниот лев агол, треба да биде назначено ,,НЕ ОТВАРАЈ,, и ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИ,, насловот на учебникот, одделението, а во средината адресата: МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје

4.3. Авторите на ракописи на учебници во доставениот пакет на кој пишува ,,НЕ ОТВАРАЈ,, треба да достават и затворен плик на кој исто пишува „НЕ ОТВАРАЈ„, со следните податоци и документи: точно име и презиме на авторот/ите, адреса на живеење, телефонски број, институција во која се вработени, уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование, изјава од лекторот за јазично уредување на текстот и потврда за положен испит за лектор (оригинал или заверена на нотар), изјава дека ракописот за учебник не содржи фотографии, илустрации и содржини превземени од трети лица   за кои авторите немаат дозвола за користење.

4.4. Доколку името и презимето на авторот во пријавата се разликуваат од името и презимето наведено во уверението или дипломата за завршено соодветно образование, се приложува соодветен доказ за истоветноста на податоците.

4.5. Пликот ,,НЕ ОТВАРАЈ,, се отвора по одобрување на шифрите на учебниците.

4.6. Материјалите под точка 4.1., 4.2., 4.3. и 4.4. се доставуваат во затворен пакет на кој е запишано само ,,КОНКУРС ЗА ИЗДАВАЊЕ НА УЧЕБНИК,, и името на учебникот, адреса - Министерство за образование и наука - Педагошка служба, ул „Св.Кирил и Методиј “ бр.54 Скопје.

5. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

5.1. Понудите за учебници кои нема да бидат доставени во утврдениот рок и оние што не се изработени согласно со условите на овој Конкурс, ќе бидат дисквалификувани.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook