Конкурс за доделување на 19 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 18 унилатерални стипендии) и 3 стипендии на Централно-Источно Европската програма за медицина на Владата на Народна Република Кина


Владата на Народна Република Кина за учебната 2019/2020 година доделува 19 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 18 унилатерални стипендии) и 3 стипендии во рамки на Централно-Источно Европската програма за медицина на државните универзитети во Народна Република Кина.

Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во три примероци:

- Пријавен лист (пријавувањето се врши онлајн на www.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, агенциски број 8071/, а пополнетиот формулар се доставува и во министерството).
- Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни-додипломски студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,
- Фотокопија од дипломата за завршено високо образование (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,
- Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведено на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,
- План за студиите (до 200 зборови за редовни студии, до 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски и докторски студии),
- Две препораки од универзитетски професори (магистерски и докторски студии и специјализации),
- Кратка биографија,
-Писмо за прифаќање од избраниот универзитет (подетални информации на htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),
- Лекарско уверение (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот.
- Потврда за познавање на англиски или кинески јазик (HSK сертификат),
- Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

Краен рок за пријавување е 01.04.2019 година.

Подетални информации може да се обезбедат на тел: 02 3140 185 / лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.

 

 

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2019 год.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook