Програмата за магистерски студии (Master of Science (MSc) Fellowship Programme) финансирани од Владата на Унгарија, преку Министерството за земјоделие, во соработка со ФАО (Организација за храна и земјоделство на ОН) за учебната 2019-2020 година нуди можности за доделување на стипендии за постдипломски (магистерски) студии за кандидати од повеќе земји меѓу кои и од Република Македонија, за следниве студиски програми:

1. Заштита на растенијата (Plant Protection) - University of Pannonia;
2. Рурален развој и агробизнис ( Rural Development and Agribusiness) - Szent Istavan University, Faculty of Economics and Social Sciences; и
3. Земјоделска биотехнологија ( Agricultural Development ) - Szent Istavan University, Faculty of Agricultural and Environmental Sciences.

Право на аплицирање за овие стипендии имаат кандидати со завршени додипломски студии со висок просек, кои не се постари од 30 години и кои одлично го знаат англискиот јазик.

Подетални информации за курсевите, општите услови и формулари за аплицирање можат да се добијат на следнава интернет адреса:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Аплицирањето се врши единствено по електронски пат исто така на горенаведената интернет адреса, почнувајќи од 7 јануари до крајниот рок, 28 февруари 2019 година.

Постапката за аплицирање и изборот на кандидатите ги спроведува давателот на стипендиите.