Министерството за надворешни работи на Романија нуди 85 стипендии за странски државјани за додипломски (универзитетски) и после дипломски (магистерски и докторски) студии на универзитети во Романија за академската 2019 - 2020 година (подетални информации и целосниот текст на Конкурсот може да се најдат на: http://www.mae.ro/en/10251).

За овие стипендии немаат право да аплицираат државјани на земјите на ЕУ, како и романски државјани, дипломатски претставници акредитирани во Романија и членови на нивните семејства или корисници на друг вид на стипендии.


Кандидатите за овие стипендии треба да имаат завршено соодветно образование во акредитирана образовна институција со постигнат просечен успех повеќе од 7, кој кореспондира со системот за оценување во Романија или со „добар“ успех.

Кандидатите за стипендии за универзитетски и магистерски студии, заклучно до 31 декември оваа година да не се постари од 35 години или 45 години за докторски студии.

Стипендиите се доделуваат :
а) за прв циклус на студии (додипломски во траење од 3 до 6 години) на кандидати со завршено средно образование или соодветни пред - универзитетски студии и на оние кои сакаат да ги продолжат своите студии во Романија.

б) за втор циклус на студии (магистерски), во траење од 1,5 до 2 години, кои завршуваат со одбрана на дисертација, на кандидати со завршено универзитетско образование.

в) за трет циклус на студии (докторат) за кандидати со завршени магистерски студии, во траење од 3-4 години, согласно со специфичните барања на избраниот факултет, а кои завршуваат со докторска дисертација. Приемот на докторски студии е условен со полагање на приемен испит.

Подетални информации во APPENDIX 3.

Стипендиите се доделуваат за студии од следните области: архитектура, визуелна уметност, романска култура и цивилизација, новинарство, политички и административни науки, образовни науки, општествени и хуманистички науки, технички науки, нафта и гас, земјоделски науки, ветеринарна медицина. Стипендиите НЕ се доделуваат за студии од областа на медицина и фармација.

Подетални информации во APPENDIX 4.

Студиите се реализираат само на романски јазик. За кандидати што не го знаат романскиот јазик се нуди подготвителна година за учење на јазикот.

Потребни документи за аплицирање:
1. Уредно потполнет формулар за стипендија во Романија (Appendix 1);
2. Уредно потполнет формулар за прифаќање на студии во Романија (Appendix 2);
3. Заверени копии од дипломи (за завршено средно образовани со положен матурски испит, диплома за магистратура или докторат) и нивни преводи на еден од овие јазици: англиски, француски или романски;
4. Заверени свидетелствата од сите години на средно образование, или уверение за положени испити на факултет и заверени преводи;
5. Заверена копија од извод од матичната книга на родените и заверен превод на еден од овие јазици: англиски, француски или романски;
6. Копија од првите три страни од пасошот;
7. Медицинска потврда каде се потврдува дека кандидатот не е заболен од заразни болести и е во добра здравствена состојба за реализирање на студии;
8. Curriculum Vitae на кандидатот;
9. 2 фотографии, формат на пасош.

Комплетната документација се поднесува во Министерството за образование и наука на Република Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј„ бр 54, 1000 Скопје.

Лице за контакт: Катерина Шумановска, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Крајниот рок за аплицирање е 28 февруари 2019 година.

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Северна Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook