Министерството за образование и наука, на ден 24.12.2018 (понеделник) ги извести директорите на основните и средните училишта со донесената препорака да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 02.01.2019 до 11.01.2019 година, со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

Во препораката, потпишана од министерот Д-р Арбер Адеми, стои: Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта во Република Македонија, согласно надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 02.01.2019 до 11.01.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците.

Ова препорака е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период, се објаснува во информацијата доставена до сите основни и средни училишта.

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook