РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Бр. ­­­­­­­­04-14196/2

од 28 .11. 2018година

Скопје

                        

Врз основа на член 48 став 4 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), како и Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за образование и наука со архивски бр. 04-2497/1 од 23.02.2018 година, бр. 04-2694/1 од 28.02.2018 година, бр. 04-2694/3 од 26.03.2018 година, бр. 04-5011/1 од 18.04.2018 година, бр. 04-5904/1 од 08.05.2018 година, бр. 04-6214/1 од 16.05.2018 година, бр. 04-7301/1 од 13.06.2018 година, бр. 04-8833/2 од 20.07.2018 година, бр. 04-9864/1 од 20.08.2018 година и бр. 04-10875/1 од 12.09.2018 година, Министерството за образование и наука објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 07/2018

за унапредување на административни службеници

во Министерството за образование и наука

                 Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници за следниве работни места:

  1. УПР0101В01000 Советник за справување со девијантни појави во основното образование,  Одделение за основно образование, Сектор за основно образование  -1 извршител

Посебни услови:

-       за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен социјална работа и социјална политика, социологија или образование

-       работно искуство, и тоа:

-       најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

-       активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-       активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-       Распоред на работното време:                                                                                     

Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок.

Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.023,00 денари.

2. УПР0101В01000 Советник за регистер за субјекти во научно истражувачката дејност, Одделение за развој на научно истражувачките кадри, поддршка на науката и иновации, Сектор за наука и иновации - 1 извршител

Посебни услови:

-       за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен рударство, образование или социологија

-       работно искуство, и тоа:

-       најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

-       активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-       активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

-       Распоред на работното време:                                                                                      

-       Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

-       Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.023,00 денари

 

3. УПР0101В01000 Советник за еквиваленција и нострификација, Одделение за еквиваленција и настрификација, Сектор за меѓународна соработка  -1 извршител

Посебни услови:

-       ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степенобразование, социјална работа и социјална политика или економски науки

-       работно искуство, и тоа:

-       најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

-       активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-       активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

-       Распоред на работното време:                                                                                      

-       Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

-       Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.023,00 денари

4. УПР0101В01000Советник – одговорен сметководител за сметководствени работи, во Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања   -1 извршител

Посебни услови:

-       ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки

-       работно искуство, и тоа:

-       најмалку три години работно искуство во струката,

Посебни работни компетенции:

-       активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

-       активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

-       Распоред на работното време:                                                                                      

-       Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок

-       Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.023,00 денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните

Општи услови:

-       да е државјанин на Република Македонија;

-       активно да го користи македонскиот јазик;

-       да е полнолетен;

-       да има општа здрваствена способност за работното место и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

                 На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Министерството за образование и наука, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Министерството за образование и наука, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

-       да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,

-       да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-       да поминал најмалку две години на тековното работно место и

-       да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

-       потвдри за успешно реализирани обуки и/или

-       потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Министерството за образование и наука.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

Пријава_по_интерен_оглас.doc

 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook