Сојузното министерство за образование, наука и истражување на Република Австрија доделува стипендии за студирање на австриските универзитети, за студенти, дипломирани лица и истражувачи од Република Македонија.


Стипендиите се однесуваат за академската 2018/2019 година, а повеќе информации за условите, критериумите, начинот и роковите за аплицирање може да се обезбедат на www.grants.at.