Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за учество на студенти од Република Македонија на Меѓународна летна школа во Осло, Норвешка, која ја организира Универзитетот во Осло и ќе се одржи во периодот од 22 јуни до 2 август 2019 година.


Меѓународната летна школа нуди 14 курсеви за додипломски студенти со фокус на изучување на норвешкиот јазик, култура и општество, како и 7 курсеви за постдипломци со фокус на меѓународни интереси.

За време на курсевите ќе се посетува и настава за меѓународна политика, човекови права, меѓународен развој, енергија, екологија и одржлив развој, мировни истражувања, архитектура и дизајн, родова еднаквост.

Повеќе информации за условите, критериумите за аплицирање можат да се најдат на https://www.uio.no/english/studies/summerschool/

Крајниот рок за аплицирање е 1 февруари 2019 година.