Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) за млади истражувачи од Република Македонија на соодветни високо образовни и научно-истражувачки институции во Велика Британија за 2019 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1000 фунти месечно во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.

Услови за конкурирање:
- Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Да не се постари од 30 години;
- Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:
1. Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон;
2. Биографија (CV);
3. Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
5. Копие од диплома за завршено образование;
6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови;
7. Потврда за познавање на англискиот јазик (ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или др.), и
8. Пополнет формулар (од www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.

Потполнетиот формулар за пријавување и потребните документи треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса:
ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје, Сектор за меѓународна соработка.

Крајниот рок за поднесување на документите во Министерството за образование и наука е 15 март 2019 година.

Подетални информации може да се најдат на www.britishscholarshiptrust.org или во Министерството, во канцеларија 1410 и на тел. 02 3140-185 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

zamenik-petar-mk

Заменик министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo 

strategija-za-obr

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo 

MK-final-vertical-3-version-03.2017

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Untitled-Banner 1Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook