Секоја академска година Факултетот за спорт при Универзитетот во Лајпциг, со поддршка на Сојузното германско министерство за надворешни работи, организира два курса за последипломски студии за тренери и наставници по физичко образование од земјите во развој, според листата на Комитетот за развојна помош (DAC) на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) во траење од 5 месеци, за четири алтернативни специјализации и на четири јазици (англиски, француски, шпански и арапски).

Право на учество имаат кандидати не постари од 40 години со:
- завршено високо образование од областа на спортот
- стекнато искуство како активни спортисти или наставници по физичко образование или тренери и
- добри физички и психолошки вештини

Содржина на курсот:
1. Специјализација ( теорија и пракса);
2. Вовед во науката за тренинг
3. Спортска медицина
4. Спортска педагогија
5. Спортска психологија
6. Спортски менаџмент
7. Кондициони тренинзи
8. Германски јазик

Финансирање:
- после дипломските студии ги финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
- секој учесник добива месечен грант.
- сите патни трошоци од и до Лајпциг се на товар на учесниците.


Аплицирањето се врши директно на адресата на Амбасадата на СР Германија во Скопје, каде можат да се добијат и други подетални информации:
ул.„ Леринска“ , бр. 59, 1000 Скопје

www.skopje.diplo.de
тел: +389 2 309 39 00
Факс: + 389 2 309 38 99
Службеничка: Хајке Јовeски
Лок. тел. +389 2 309 38 49
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.