САЕМ-ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ВОДЕЧКИТЕ РУСКИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ „ОБРАЗОВАНИЕТО ВО РУСИЈА: СТАРТ НА ВАШАТА УСПЕШНА ИДНИНА“

На 18 и 19 септември 2018 година, Претставништвото на Россотрудничество во Скопје и Russia.Study (Агенција за соработка во образованието), со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе организираат саем-презентација на водечките руски високообразовни институции - „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“.

Посетителите на настанот ќе можат да се информираат за програмите за повишување на степенот на квалификација во руските високообразовни институции, завршување на второ високо образование и условите за запишување и обука на магистерски студии. Исто така, може да добијат информации и за тоа како е организиран системот на образование во Русија, кои се предностите кои ги добиваат странските студенти и како да се аплицира во програмата за стипендии на руската влада, за бесплатно образование во Русија.

На саемот ќе учествуваат претставници на водечките руски институти и универзитети, од повеќе наставно-научни области и специјалности: хуманистички, технички, физичко-математички, природно-научни. Програмите и условите за студирање ќе ги презентираат проректорите на образовните институции и раководителите на организационите единици одговорни за меѓународна соработка и обука на странски студенти.

Саемот-презентација на кој се очекува присуството на повеќе од сто посетители, ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Ги покануваме претставниците на медиумите и образовните институции, матурантите, студентите и младите научници, посетителите и наставниците на курсевите за изучување на руски јазик, како и сите заинтересирани, да го посетат саемот.

Ве покануваме да го започнете или продолжите своето образование во Русија.

Во склоп на настанот, за присутните ученици и студенти биде организирана и интересна наградна игра.

За учество во манифестацијата неопходна е претходна регистрација на следниот линк:

https://clck.ru/EFW2p

Влезот е слободен.

Информации и контакт:

Претставништвото на Россотрудничество во Скопје

+ (389) 2 311-7160

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

http://mkd.rs.gov.ru

Russia.Study

+ (389) 2 551-7455

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

https://russia.study