Министерството за образование и наука информира дека на 9.8.2018 година во 10:30 часот во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се организира информативен ден за ЕУ програмата „Европа за граѓаните 2014-2020“.

Поканата може да се погледне овде.

Инаку, „Европа за граѓаните” како една од програмите на Европската унија, поддржува широк спектар на активности кои промовираат "активно европско граѓанство", со посебен акцент на вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на европска интеграција.

Целта на оваа програма е да придонесе граѓаните да ја разберат историјата и разновидноста на Европската унија, да се подигне свеста за сеќавањето на заедничката историја и вредности и, се разбира, да се поттикне демократско учество на граѓаните на ниво на Унијата преку разбирање на политиката на ЕУ, промовирање на можностите за општествен и интеркултурен ангажман и волонтерство на ниво на ЕУ.