Во учебната 2017/2018 година со полагање на државната матура како предуслов за упис на универзитетски студии, беше опфатена уште една генерација на ученици кои го завршуваат средното училиште. За полагање се пријавија вкупно 14.969 ученици, од кои 10.122 ученика на македонски наставен јазик, 4.474 ученици на албански наставен јазик и 373 ученика на турски наставен јазик. Овие податоци беа резентирани од стрна на Министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми во заедничката пресконференција со директорката на Државниот Испитен Центар, г-ѓа Лидија Ѓошевска.    

Согласно добиените податоци од Државниот Испитен Центар, просечната оценка на постигањата на матурантите за оваа година е 3,42. Споредуваќи со претходната година, кога во истиот испитен рок просечната оценка на Државната матура беше 3.39, ова година се одбележува благ раст на процечната оценка.Постои благо зголемување, кое и покрај предизвиците што ги имаме во образованието, може да се смета како позитивен индикатор дека квалитетот на учењето е на добар пат за неговото подобрување”, рече министерот Адеми. МОН во соработка со ДИЦ, се отворенi да ги прифаќат сите забелешки и сугестии од страна на сите странки вклучени во овој процес (наставници, педагози, родители, експерти). Несомнено, додаде тој, дека ние сме подготвени да се посветуваме на било која тема. Верувам дека заедничката цел е подобрување на квалитетот во образование, во овој случај на Државната матура, како многу важен дел од образовниот систем, кој го поврзува нивото на средното со високото образование истакна министерот.

Според податоците на Државниот испитен центар, вкупно се поднесени 480 приговори, од кои комисиите прифатиле 130 приговори од учениците.