Врз основа на член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/141, 199/14, 27/16 и 35/18) и член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/8, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) Министерството за образование и наука објавува:


ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на определено време во
Министерството за образование и наука

 


Огласот опфаќа вработување на 3 (три) лица на определено време за период додека трае мандатот на министерот за образование и наука, за следните работни места :

1. Посебен советник за нормативно правни работи во образование - 1 извршител;
2. Посебен советник за односи со јавност и медиуми - 1 извршител и
3. Посебен советник за образовни политики во основно, средно и високо образование - 1 извршител;

Кандидатите покрај општите услови: да се државјани на Република Македонија и со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

1. За работното место - Посебен советник за нормативно правни работи во образование:

 

Вид на образование:                                      

-најмалку 300 кредити според ЕКТС или VII/2 степен на стручна подготовка, правни науки

Работно искуство во струката:

- најмалку 2 години практично искуство во струката

Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

- положен правосуден испит;

- познавање на англискиот јазик;

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

- решавање на проблеми и носење одлуки;

- остварување на резултати;

- работење со други/тимска работа

 

2.За работното место - Посебен советник за односи со јавност и медиуми:

Вид на образование :                                       

-најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, Филолошки факултет, албански јазик и книжевност

Работно искуство во струката :

-најмалку  8 години практично искуство во областа на односите со јавност и медиуми

Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

- познавање на англискиот јазик;

- решавање на проблеми и носење одлуки;

- остварување на резултати;

- работење со други/тимска работа;

 

3. За работното место - Посебен советник за образовни политики во основно, средно и високо образование:

Вид на образование :                                       

-најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на стручна подготовка, правни науки

Работно искуство во струката :

-најмалку 3 години практично искуство во струката

Други професионални квалификации способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

- решавање на проблеми и носење одлуки;

- остварување на резултати;

- работење со други/тимска работа;

 

Јавниот оглас трае 5 (пет) работни дена од денот на објавување, односно најдоцна до 28.06.2018 година до 16:30 часот, а изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 03.07.2018 година.

За горенаведените работни места неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7:30/8:30-15:30/16:30), а основната плата изнесува 36.881,00 денари.

Со пријавата покрај кратка биографија, кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинална форма или копија заверена кај нотар, во поглед на општите и посебните услови и тоа:

Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место, Потврда за работното искуство, Уверение за познавање англиски јазик, Државјанство и Уверение дека не е изречена судска забрана за вршење на професијата, дејност или должност.

Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: “Да не се отвора”, на следнава адреса:

Министерство за образование и наука
Одделение за управување со човечки ресурси
бул. Св. „Кирил и Методиј“ 54 Скопје
(со назнака “за оглас”)
Скопје

На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: “Да не се отвора”

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана. 

 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

Informacii-od-javen-karakter-1

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook