Врз основа на член 14-a од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

                                               ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС

за учество во комисија за давање мислење за измена до 30% од содржината на учебникот по предметот:

-              Етика (изборен предмет) за III година на гимназиско образование,

-              Биологија I година на гимназиско образование,

-              Природни науки за V одделение во деветгодишно основно образование,

-              Природни науки за VI одделение во деветгодишно основно образование.

Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење за измена до 30% од содржината на горенаведениот учебник за гимназиско образование треба да ги исполнуваат следните услови:

- да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата) или

- да се наставници од основното односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-   уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија),

-   изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија

- потврда од установата во која е вработен.

Пријавата може да се преземе од веб страната на Министерството за образование и наука, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 18.06.2018 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.


ЯTАTШ---_-_TГTЗTБTВ--_--_--TБTШ-_so_30.docx