Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за образование и наука на пригодна свеченост во просторите на Владатa во Скопје денес ги избраа најдобрите научно - истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, кои ги изготвија ученици од основните и средните училишта и со истите аплицираат на таканаречениот „Предизвик за млади истражувачи“, кој предвиде распределба на 4,2 милиони денари за нивна реализација.

На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука, Арбер Адеми кој во своето обраќање пред присутните рече дека иновациите се многу важни за севкупниот напредок на една земја, особено за земјите како Република Македонија, кои немаат други алтернативи освен да вложуваат во знаењето, креативноста и иновативноста на своите граѓани и на тој начин да ги развиваат општествено – економските текови во нагорна линија.  

Додаде дека актуелната влада има стратегија и план како да ја стимулира креативноста и способноста за развој на иновации, особено кај младата популација, а токму мерките и проектите како предизвикот за младите истражувачи ја потврдуваат цврстата заложба во таа насока.

„Повикот беше објавен кон крајот на минатата година и беше одлична можност да се види проактивноста во начинот на размислување на младите, желбата за креирање и понуда на нешто ново. Морам да признаам дека интересот прилично ме изненади. Вкупно 98 апликации, сите квалитетни и интересни. А тоа значи само едно – дека оваа земја има креативна младина и не треба да се грижи за перспективноста на иднината“, рече Адеми.



 

zamenik-mk 

Министер за образование и наука

misija i vizija

politika-za-kvalitet

sektori mon v2

organi mon v2

ucebnici-mon-gov-mk

cenovnik-za-oshteteni-uchebnici

otvoreno-vladino-partnerstvo

strategija-prepriemachko

SDIS v2

mon_slika.jpg 

baner2 Foto novo

мостови

NDC Skopje

horizon 2020 1 banner

Copy of NA Logo H MK 

centri za karierno 

PSO

Kampanja vlada

preliminarna-lista-1

ipa4

 

 

 

 

javen povik osnovno sredno

olimpijada-9

stipendii-stranstvo-mk-ang-baner

Banner tutori1

 

Banner Tracer MK

 logo-katalog

1000-knigi-novo

 

banner lab

obrazovanie na vozrasni

prezemi-upatstvo 

MCGO-baner

 Untitled-Banner 1

Sportska-akademija-logo

20 септември - Интернационален ден на универзитетскиот спорт


 

 

 

Адреса

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Copyright © 2016 mon.gov.mk. Сите права се заштитени.

Контакти

phone icon +389 2 3117 896

fax +389 2 3118 414

mail contact@mon.gov.mk

Поврзете се со нас

facebook-icon

Следете нè на Facebook