Министерството за образование и наука информира дека во тек е јавен повик на Израелската агенција за развој на меѓународната соработка - МАШАВ за учество на наставен кадар од областа на високото образование во Република Македонија на интернационалниот курс на тема „Нови педагогшки практики на 21от век“, кој ќе се одржи во Израел во периодот од 25 ноември до 14 декември 2018 година.

Повеќе информации за условите, критериумите и начинот на аплицирање, може да се обезбедат на следниот линк - http://mashav.mfa.gov.il/MFA/mashav/Courses/Pages/default.aspx или во овој документ.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 25.9.2018 година.