Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

За време на разговорот, министерот Адеми потенцираше дека и натаму реформирањето на основното образование преку изготвување и примена на целосно ново законско решение, изработка на нови наставни програми и учебници со подобрена содржина, како и унапредување на квалитетот на средното образование особено во стручните училишта, остануваат да бидат главни приоритети во работењето на Министерството за образование и наука во периодот што следи.

Адеми вети дека од позиција на министер за образование и наука максимално ќе се заложи за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во сите образовни сегменти и области.

Од францускиот амбасадор доби честитки за именувањето на функцијата и уверување дека Франција и натаму останува голем поддржувач на Република Македонија во процесите за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, преку реформите кои се дефинирани во стратешките владини документи.


A1 FRANC


A2 FRANC