Министерот за образование и наука, Арбер Адеми присуствуваше на пуштањето во употреба на реновираниот Оддел за хибридна конвенционална нуклеарно медицинска дијагностика при Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје и на промоција на нова SPECT/CT гама камера, со која значително ќе се унапреди испораката на услугите кон граѓаните во областа на медицинската дијагностика.

Станува збор за инвестиција реализирана со поддршка на Меѓународната агенција за атомска енергија, со која Република Македонија има потпишана програмска рамка за техничка соработка, а национален координатор на активностите е Министерството за образование и наука.

„Денес промовираме модернизирани услови за работа и нова опрема, која има двојна важност, односно значи осовременување на медицинската дијагностика од една страна, а од друга страна ќе обезбеди унапредување на можностите за истражување во областа на нуклеарната медицина што е од особено големо значење, заради следење на современите текови и трендови во оваа област и за напредок во работењето на домашните научници и научно истражувачки работници“ рече Адеми.

Тој се заблагодари на Меѓународната агенција за континуираната поддршка и придонес во унапредувањето на националниот систем за здравствена заштита, земјоделството, безбедноста на храната, културното наследство и повеќе други области, потенцирајќи дека очекува плодната и успешна соработка да продолжи да се продлабочува и да дава уште поголеми резултати.

Нагласи дека секогаш кога постои можност, вложувањата во науката треба да се зголемуваат колку што е можно повеќе, затоа што станува збор за област која е еден од основните столбови на севкупниот општествено – економски просперитет на земјите кои, како што рече, немаат друга алтернатива за напредок освен да вложуваат и на глобалниот свет да му понудат квалитетни знаења, современи научни достигнувања и иновации.

A1

A2


A3