Министерот за образование и наука Арбер Адеми во текот на денешниот ден оствари две одделни средби со амбасадорот на Косово во Република Македонија, Илбер Хиса и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари. 

На средбите, Адеми се осврна на поставените приоритети кон кои ќе биде насочена неговата и работата на Министерството за образование и наука во периодот што следи, со особен фокус на реформирањето на основното и средното образование.  

Во разговорот со косовскиот амбасадор нагласи дека ќе се заложи за продолжување и продлабочување на соработката во областа на образованието помеѓу двете земји, додека на средбата со кичевскиот градоначалник изрази подготвеност да помогне во решавањето на локалните предизвици со кои се соочува општината. 

Двајцата соговорници упатија честитки за неговото назначување за министер за образование и наука и му посакаа успех во работата. 